Огромното влијание на YouTube врз културата, гледачките навики и адвертајзинг буџетите чекореше по црвениот тепих минатиот четврток, како што илјадниците YouTube ѕвезди, маркетинг директори, фанови и голем број на Гуглачи се појавија во Javits Center на Менхетен за годишниот компаниски настан BrandCast.
Настанот беше исто толку прослава на културното влијание на дигиталната видео империја на YouTube, колку што беше и директна порака за да се земат уште повеќе долари од традиционалните ТВ буџети. Започнувајќи со долга монтажа на клипови на некои од најголемите ѕвезди на YouTube и завршувајќи со перформанс на австралиската пејачка и композиторка Sia, YouTube ги најми своите ѕвезди, своите адвертајзери, Big Bird и комесарот на НБА лигата за да го поттикнат онлајн огласувањето наместо на традиционалните мрежи.
“Ние сме многу горди што YouTube им дава глас на сите, ги зближува и им го покажува светот,” изјави Сузан Војцицки, CEO на YouTube.
Сепак, вечерта се случија и некои непланирани работи. За време на говорот на Најџел Морис, CEO на Dentsu Aegis North America, се вклучи алармот за пожар, по што брзо беше исклучен. Но, потоа повторно се огласи, па предизвика мала паника кај луѓето, пред да биде истакнато официјално соопштение дека тоа беше грешка и дека објектот и присутните се сигурни.
Но, оние што не се сигурни се традиционалните телевизиски буџети, врз кои уште од стартот се наосочија Војцицки и други, со статистики за тоа зошто повеќе милиони луѓе ги пренасочуваат своите очи и своето внимание кон нивните телефони и други помали екрани. Според Војцицки, YouTube сега допира повеќе до лицата на возраст од 18 до 49 години преку мобилни уреди отколку која било ТВ мрежа, а само ден порано, Interpublic Group го најави својот план да пренамени 250 милиони долари од својот буџет за телевизија кон YouTube за периодот од октомври 2016 до октомври 2017.
“Поминаа деновите на тестирање на оваа платформа,” изјави јутуберот Лили Синг, 27 годишна комичарка од Канада која го водеше BrandCast 2016. “Тоа е толку 2013. YouTube е докажан и публиката е тука. Се надевам дека и вие сте тука.”
Ѕвездите на YouTube го направија скокот од интернет видеа до маркетинг кампањи. Андра Деј, 31-годишна пејачка која беше откриена на YouTube, изведе моќен перформанс на својот Греми номиниран хит “Rise Up.” Таа претставува една од многуте YouTube ѕвезди кои вадат корист и од гледаноста и од бренд спонзорствата – таа пред скоро време стана партнер со Coca-Cola за да се појават нејзините текстови на 40 милиони чаши во локалите на McDonals’s.
Еве што беше соопштено на настанот:
- Брендовите сега ќе можат да купуваат простор во “Breakout” виралните видеа.
Google соопшти дека ги лансира Google Breakout Videos, со што ќе им овозможи на огласувачите да вметнуваат спотови во “најжешките и најбрзо растечки” видеа на YouTube, овозможувајќи им на брендовите да бидат видени поскоро од гледачите кои ги гледаат виралните видеа и кои во други случаи би биле надвор од радарот на маркетерите.
- Програматскиот адвертајзинг сега е гарантиран на Google Preferred.
Купувачите однапред за скоро време ќе можат да купат Google Preferred програматско огласување преку DoubleClick Bid Manager, што ќе им овозможи на медиа купувачите да ги менаџираат сите свои маркетинг кампањи на едно исто место. За прв пат, на брендовите ќе им биде дозволено да пристапат кон нивните датабази за да им послужат за креатива која е релевантна за нивната најценета публика.
- НБА лигата лансира два виртуелно реални серијали на YouTube.
НБА наскоро ќе лансира два виртуелно реални серијали, кои ќе им овозможат на гледачите поглед зад сцената на кошаркарски легенди и други релеванти содржини. Исто така, YouTube соопшти дека целата НБА содржина сега ќе биде достапна преку Google Preferred, овозможувајќи сите game highlights да се појавуваат на Google Search и на YouTube, овозможувајќи им пристап на брендовите до фановите кои се ‘виновни’ за 700 милиони годишни прегледи.
НБА комесарот Адам Силвер се појави на сцената да зборува за тоа како кошаркарите низ цел свет го користат YouTube за да се во тек со натпреварите. Силвер рече дека 60 проценти од онлајн прегеледите сега доаѓаат надвор од САД, од кои најголем број на интернационални гледачи доаѓаат од Филипините.
- Sesame Street сега ќе има сопствен канал на YouTube Kids.
Sesame Street сега ќе има нов канал на YouTube Kids, каде што, според YouTube, сега се остваруваат повеќе од 10 милијарди прегледи годишно. Додатокот, наречен Sesame Studios, ќе има нови ликови и популарни YouTube ѕвезди, како во кратки серијали, така и во оригинални приказни.
Извор: AdWeek