Американската платформа за видео-содржини YouTube соопшти дека, почнувајќи од 15 октомври, го продолжува времетрањето на кратките видеа „Shorts“ до маскимални 3 минути.
Креаторите на содржини исто така ќе добијат пристап до новата опција за употреба на готови шаблони („Use this template“) во креацијата на кратки видеа, кои што ќе бидат достапни преку функцијата „Remix“.
Имено, во претстојните неколку месеци, YouTube ќе ја имплементира можноста за монтажа т.е. „ремиксирање“ на клипови од избрани содржини на платформата и комбинирање на делови од повеќе видеа, без воопшто да мора да ја напуштате апликацијата.
На мобилната верзија на YouTube исто така ќе биде достапна и нова страница за следење на актуелните трендови поврзани со краткиот видео формат („Shorts Trends“), што ќе им овозможи на корисниците да ги откриваат и да се приклучат на популарните трендови во нивната земја.