Видео платформата YouTube е оценета како најодговорна социјална мрежа во истражување на агенцијата IPG Mediabrands за одговорноста на социјалните платформи во имплементирањето и унапредувањето на сопствените правила и практики.
Истражувањето ги оценувало социјалните платформи во однос на десет точки: промовирање почит, заштита на луѓето, различност, собирање и користење на податоци, заштита на децата, отстраннувањето на говор на омраза, дезинформации, спроведување на правилата, транспарентност во огласувањето и одговорност. Секоја од платформите пополнувала анкета од 250 прашања во однос на наведените точки.
Пресуден фактор во рангирањето на YouTube на првото место била одлучноста со која платформата реагирала на загриженоста на повеќе брендови за безбедноста на нивниот интегритет, кога пред три години неколку огласувачи ги повлекле своите кампањи откако било утврдено дека тие се појавувале покрај видеа со екстремистичка содржини.
На второто место зад YouTube се најде Twitter, третото место му припадна на LinkedIn, а четвртото и петтото на Snapchat и Facebook, соодветно. Како потпросечни во однос на наведените параметри биле оценети социјалните мрежи Pinterest, Twitch, Reddit и TikTok.
Како најголеми недоследности и предизвици на кои платформите треба да одговорат во иднина се истакнуваат: поконзистентно спроведување на сопствените правила, потребата за верификација од трети страни за заштита на брендовите и нивните кампња, како и справувањето со ширењето на дезинформации.