Минатата година, YouTube воведе реклами што не може да се прескокнат, а сега одлучи дополнително да го прошири својот огласувачки простор. Корисниците на платформата наскоро нема да можат да избегнуваат реклами дури и кога ќе паузираат видео. Во таков случај, рекламата ќе се прикажува на страната на екранот.
„Ова е неприметливо за гледачите и им овозможува да научат повеќе за брендовите. Се работи за корисно ажурирање за целиот екосистем на YouTube“ – посочуваат од Google, матичната компанија на YouTube.
Од компанијата велат дека рекламите што ќе се појавуваат додека видеото е паузирано се дизајнирани да им дадат на клиентите „помалку вознемирувачко искуство“, но не споделија дали YouTube ќе ги намали своите редовни реклами како резултат на истото.
Корисниците сè уште можат целосно да ги избегнуваат рекламите со премиум претлата на YouTube која вообичаено чини 13,99 долари месечно.