Интернет гигантот најави нов фонд вреден 100 милиони долари, кој во текот на 2021 и 2022 година ќе им го подели на корисниците на YouTube Shorts.
Големиот успех на ТикТок се обидуваат да го “копираат“ и другите големи технолошки компании. Своја “копија“, секако претстави и Фејсбук т.н. Instagram Reels, Snapchat го претстави Spotlight, а YouTube го претстави YouTube Shorts. Со цел да привлечат корисниците, а особено инфлуенсерите да создаваат што е можно поинтересни и вирални видеа, компаниите лансираа наградни фондови од кои им се плаќа многу пари за содржината што ја објавуваат.
YouTube исто така најави ваков фонд оваа недела, а преку YouTube Short Fund, тие имаат намера да им исплатат на корисниците вкупно 100 милиони долари оваа и следната година. Тие пари, се разбира, ќе бидат поделени помеѓу голем број корисници и инфлуенсери чии видеа се квалификуваат за наградата. Кои се тие услови, тие сè уште не објавија од YouTube.
Она што е познато е дека креаторите и инфлуенсерите нема да можат да аплицираат за оваа награда, туку тим од YouTube ќе ги контактира корисниците чии видеа ќе добијат доволно популарност за да бидат финансиски наградени. Од YouTube најавија дека на месечно ниво вакви награди треба да добијат „илјада корисници“, а она што треба да се нагалси е дека тие не мора да бидат дел од партнерската програма на YouTube и дека апсолутно сите корисници се во игра за паричните награди. Секако, за да заработат пари, тие треба да снимаат содржина за YouTube Short, која што ќе привлече големо внимание меѓу корисниците и ќе стане вирална.
Таквата содржина мора да биде оригинална, па затоа видеата што веќе се објавени на други платформи, како што се ТикТок или Инстаграм, нема да бидат наградени. Објавувајќи го новиот фонд, YouTube соопшти дека во изминатите три години исплатиле повеќе од 30 милијарди долари на креатори, уметници и медиумски компании, а со новиот фонд тие сакаат да ги постават темелите на долгорочен модел за монетизација на YouTube Short. Првите плаќања ги најавија за неколку месеци, а YouTube нагласува дека ќе ги слуша реакциите на корисниците и инфлуенсерите со цел да ја подобрат програмата за заработка за сите кои го користат YouTube Short.