Со цел фаќање приклучок кон растечката стриминг индустрија, онлајн платформата за видеа YouTube соопшти дека почнува со бесплатно стримување на цели сезони телевизиски емисии и филмски серии, но засега само за корисниците во САД.
При иницијалното лансирање на новата опција, YouTube на корисниците ќе им нуди преку 4.000 епизоди од повеќе телевизиските емисии и серии, како Hell’s Kitchen, Heartland и Unsolved Mysteries. Истовремено, YouTube нуди гледање на над 1.500 играни филмови од продукциски куќи како Disney, Warner Bros, Paramount Pictures и Lionsgate.
Повеќето од насловите ќе бидат достапни во висок видео квалитет од 1080p, како и квалитетно 5.1 сараунд-аудио, а бесплатното стримување на содржините ќе биде возможно поради присуството на реклами.
Од YouTube ветуваат дека секоја недела ќе додаваат до 100 нови наслови, кои ќе бидат достапни преку нивниот веб-сајт, мобилна апликација или паметни телевизори.