Американската новинска агенција Блумберг деновиве објави дека технолошкиот гигант Google работи заедно со платформата за е-трговија Shopify со цел интеграција со видео-платформата YouTube.
Ваквата интеграција треба да овозможи директно продавање на производи преку YouTube, односно, доколку гледате видео за некој најнов производ, тој ќе можете потоа директно да го купите преку видео-платформата.
YouTube веќе започнале со тестирање на опцијата, барајќи од дел од креаторите на видео содржини да додадат линкови за купување на производите кои се претставени во нивните видеа.
Од компанијата го потврдуваат тестирањето на новата опција, меѓутоа напоменуваат дека проектот е сé уште во експериментална фаза и не откриваат дополнителни иформации.
Соработката помеѓу YouTube и Shopify започнала кон крајот на минатата година. Од матичната компанија Google веруваат дека YouTube ќе има централна улога во зацврстување на нивната позиција на пазарот за електронска трговија.