По целата афера, YouTube претстави Al (Artificial intelligence) системи за отстранување на екстремистичка содржина и благодарение на нив 75% од отстранетите видео записи се избришани, пред да биде примено предупредување до нив од страна на луѓето
YouTube пронајде решение за да ги смири огласувачите по прашањето за безбедноста на брендот. Компанијата тврди дека вештачката интелигенција, во некои случаи, е подобра отколку луѓето во елиминирањето на екстремистички содржини од нивната платформа и дека технологијата на машинско учење им помогна двојно да се зголеми брзината на отстранување на несоодветни содржини.
Според YouTube, нивните системи поддржани од страна на вештачка интелигенција се покажаа поефикасни од човечки суштества во означувањето на видео записите што треба да се отстранат.
Пред повеќе од еден месец, матичната компанија на оваа платформа, Google најави дека планира да се зголеми употребата на технологија на машинско учење со цел да може полесно да се идентификуваат екстремистички и терористички видео записи на YouTube. Овој потег е дел од четирислојната стратегија за борба против ширењето на таквите содржини на мрежата, која беше воведена по кризата со сигурноста на брендот која ја потресе платформа во почетокот на оваа година.
Технолошкиот гигант објави нови информации, тврдејќи дека има направено напредок во решавањето на проблемите со неонацистичките видео записи и екстремна порнографија, кои се појавија покрај рекламите на познати брендови.
YouTube тврди дека во изминатиот месец, додека се тестирани нови Al алатки за откривање и отстранување на таквите содржини, повеќе од 75% од видеата кои биле отстранети поради насилниот екстремизам беше избришани, пред тоа да биде забележано од страна на луѓето. YouTube тврди дека точноста на нивните системи е “драматично” подобрена благодарение на машинското учење.
Стратегија на Google за борба против ширењето на екстремизмот и заштита на огласувачите, исто така, вклучува посилни стандарди за видео записи и вработување на повеќе експерти за означување на содржината која е потребно да се провери. Претходно оваа година, Google, исто така, склучи договор со компанијата comScore за да осигура независна проверка на своите системи.