Сите што гледаат YouTube преку ТВ приемници, отсега ќе гледаат и нов вид реклами кои што ќе бидат интерактивни.
На ТВ приемниците поврзани со интернет оваа година, рекламите што корисниците ги гледаат на YouTube ќе станат поинтерактивни.
Станува збор за маркетинг алатка која што што ќе им овозможи на гледачите повеќе информации за производот од рекламата, без да се прекине видеото што корисникот сака да го гледа.
YouTube соопшти дека оваа алатка за огласувачите, наречена Brand Extensions, ќе се појави кон крајот на оваа година.
Оваа година, YouTube исто така ќе воведе можност за изнајмување на „сезонско спонзорство“ за огласувачите, кое би било фокусирано на пр. Денот на жената и слично.