YouTube потврди дека започна со бришење на целата содржина од нивната платформа што не е во согласност со препораките на СЗО, а која се однесува на корона вирусот и глобалната епидемија. Тие најавија дека ќе избришат каква било содржина што не е „медицински базирана“ и не е заснована на препораки од официјални институции.
Главниот извршен директор Сузан Војчицки изјави дека целта на медиумскиот гигант е да ги елиминира дезинформациите кои се шират низ платформата, за да не се доведе јавноста во заблуда. Тие решија да го преземат овој чекор затоа што теоријата на заговор за тоа како мрежата 5G влијае на развојот на вирусот COVID-19 го зазеде својот замав, па се зголемува и бројот на корисници кои веруваат во неа. За да не се случуваат вакви работи, тие едноставно ќе бидат избришани. Исто така, ќе бидат избришани сите оние видео записи што зборуваат за лекот против корона вирусот, за наводното дејство на витаминот Ц, куркумата и сличните материи.
Војчицки исто така рече дека содржината што се објавува и не е во согласност со препораките на Светската здравствена организација е кршење на нивната деловна политика и дека таквите видеа ќе бидат избришани. Во последните неколку недели на YouTube се забележува зголемена заинтересираност за наводно авторитативната снимка за вирусот КОВИД-19 и тоа за дури 75%. Во меѓувреме, Facebook исто така објави дека се соочува со куп лажни вести за вирусот корона, како и WhatsApp, кој не дозволува споделување информации што биле споделени повеќе од 4 пати истовремено.