Во прес кампањата спроведена низ цела Франција, Бурсорама банка сакаше да ја пренесе својата порака и до оние кои користат рекламни блокатори
Од 24 до 27 ноември француската Бурсорама банка спроведе акција за парични подароци за своите нови клиенти, кои добија 130 евра при отворањето на нова банкарска сметка во оваа банка.
Меѓутоа, знаејќи дека сите оние кои користат блокатори на реклами нема да ја видат промотивната порака на оваа кампања на интернет, и не сакајќи да дозволат тие да ја пропуштат оваа можност, Бурсорама банка и нејзината агенција Buzzman одлучија својата онјалн кампања да оди и во печатена верзија.
На овај начин, оваа банка ја направи првата банер огласна кампања во принт.
Банер рекламите беа испечатени во трите најголеми француски весници од 24 до 27 ноември, а кампањата е поддржана и со веб страница.