Продажбата на стар автомобил денес станува сè потешкa, па затоа некои се одлучуваат да преземат радикални мерки.
Продажбата на автомобили преку огласник може да трае со недели или дури месеци, сè додека не се најде вистинскиот купувач.
Снимањето и објавувањето видео на социјалните мрежи може да вроди со плод. Особено ако е добро снимено.
Токму тоа го стори Џон Томас Горк за да го продаде својот стар десетгодишен Форд. Тој потроши еден месец за снимање на вистинска видео реклама за неговиот автомобил.
Рекламата има дури и акција која покажува маж после напорна ноќ влегува во автомобилот и се опоравува додека вози за да заврши далеку од цивилизацијата. И тогаш доаѓа слоганот и цената од 5999 долари.
Видеото досега има повеќе од 53.000 прегледи, а автомобилот сеуште е на продажба.