Автор: Елена Костадиновска
Панел Плус, Скопје
За разлика од индустриската економија, каде главни карактеристики се физичкиот и финансискиот капитал, во денешната економија капиталот е неопиплив и се состои од имиџот на компаниите, трговските марки, поврзаноста со партнерите, односите со потрошувачите и од знаењата и способноста на вработените.
Градењето и зајакнувањето на имиџот во јавноста станува една од основните стратегии на компаниите, затоа што за потрошувачите поголема вредност имаат оние компании кои се подобро позиционирани на пазарот. Со прифаќање на имиџот како моќно средство за комуникација со луѓето, управувањето со имиџот стана важно подрачје во маркетинг стартегијата.
Кога е тешко да се проценат карактеристиките на производите и услугите, тогаш имиџот на компанијата е еден од најважните елементи кој влијае на перцепираниот квалитет, на проценките на корисниците за задоволствата од производите и услугите и на нивната лојалност. Користењето на производите и услугите многу повеќе станува резултат на имиџот, отколку на она што материјално и опипливо им се нуди, а користењето на поединечни производи и услуги станува начин на кој корисниците го одредуваат својот сопствен имиџ и имиџот на другите луѓе. Денешните услови за работа ги карактеризира речиси апсолутна пазарна заситеност во сите сегменти, бројни се конкурентските производи и услуги кои се разликуваат само по поединечни маргинални или исклучиво симболички карактеристики. Најважни критериуми за избор и користење на тие производи и услуги се очекуваните искуства, односно очекуваните последици поврзани со различните алтернативни избори.
Затоа елементите кои ги избираат корисниците се фокусирани на имиџот и симболите, наместо на својствените карактеристики на производите.
Во услови на силна конкуренција, глобализацијата на пазарите и експанзијата на мултинационалните компании, имиџот има многу важна улога во освојувањето и задржувањето на корисниците, а резултатот на тоа е дека самиот производ не е единствена активност на компанијата која го привлекува вниманието на корисниците и јавноста. Тие денес сакаат да имаат информација за компаниите кои продаваат производи и даваат услуги, а не само за добиената услуга и производ. Значајна конкурентска предност се постигнува со разликување, а единствена стратегија која конкуренцијата не може да ја имитира е разликувањето во имиџот.
Панел Плус нуди интегрирани маркетинг услуги, потенцирајки го outdoor рекламирањето, како еден од најефективните начини за градење на имиџ на компаниите кај нас. Секако имиџот на една компанија не може да се изгради преку ноќ, потребен е сериозен маркетинг план и стручен тим, моделиран според потребите на комапнијата, прецизно избрана таргет група и секако производ или услуга како основа на сите претходни активности.