На адвертајзинг фестивалот “No Limit Saraevo“, единственото национално натпреварување за креативност во БиХ организирано од „Медиа маркетинг“, кој поради епидемиолошката ситуација за прв пат се одржа во телевизиски формат, агенциите McCann и UM Сараево освоија четири сребрени награди. Во директен пренос на ТВ Хајат, на агенциите и огласувачите од Босна и Херцеговина, кои ги претставија своите креативни идеи и кампањи во 13 категории, доделени им се повеќе од 40 награди, а со жири комисијата претседаваше Весна Влашиќ Јусуповиќ, директор на McCann Сараево.
На преносот во пресрет на доделувањето на наградите, се приклучи и Мурат Зубчевиќ, директор на агенцијата McCann Health Nordic, споделувајќи ги своите впечатоци за предизвиците и трендовите со кои се соочува фармацевтската индустрија од почетокот на пандемијата.
Агенциите McCann и UM Сараево, кои минатата година беа прогласени за Агенции на годината, во многу предизвикувачка 2020 година, постигнаа најголем успех во областа на дигиталната комуникација. Агенциите освоија две сребрени награди за клиентот Подравка, за програмата за лојалност “Играта започнува кога Лино наградува“ и наградната игра “Пронајди ја својата природа“ и една за клиентот Карлсберг БХ, за кого, во соработка со популарниот рапер Френки, го креираа и лансираа на Инстаргам музичкиот предизвик Tuborg Challenge. Во категоријата амбиент, со среберна нагрда се закити тимот кој за компанијата Кока Кола учествуваше во ширењето на новогодишниот дух со креацијата Coke and Meal display.
McCann Сараево и оваа година имаше посебна улога на фестивалот, бидејќи организаторот, како минатогодишен победник, му ја довери задачата да претседава со жирито. Така, претседател на жирито на “No Limit Advertising Festival“ беше Весна Влашиќ Јусуповиќ, директор на агенцијата McCann Сараево, која има повеќедецениско искуство во адвертајзингот, а според организаторот, се одликува со посветеност кон индустријата и подготвеност да шири позитивна енергија и склоност кон промовирање на креативноста.
„Имавме навистина тешка задача да го избереме најдоброто од големиот број пристигнати кампањи, но мислам дека сите ние во оваа индустрија треба да бидеме особено задоволни од фактот што во оваа, различна и непредвидлива година, пристигнаа двојно повеќе кампањи. Ова е уште една потврда дека креативната индустрија не запира дури и за време на карантин, туку е уште посилна, избирајќи можеби поинакви форми и канали и наметнувајќи ја нејзината важност за развој на разни бизниси, а притоа, влијаејќи на сите движења во општеството. Честитки за сите добитници“, порача Весна Влашиќ Јусуповиќ.
За разлика од минатогодишниот фестивал, каде на конкурсот беа вклучени кампањи создадени и во 2018 и во 2019 година, овојпат во конкуренција беа само кампањи објавени во 2020 година, кога комуникациската индустрија исто така се соочи со предизвици наметнати од пандемијата на коронавирусот. И покрај пандемијата, желбата за натпреварување и повеќе од 100 пристигнати кампањи, се показатели за успехот и на индустријата и на одржаниот фестивал, потврдија од Медиа Маркетинг.