Благодарение на Пословни.хр, вчера попладнето имав можност да прочитам една многу интересна вест за соработка која на прв поглед изгледа помалце невообичаено, но според мене е [highlight] исклучително корисна,[/highlight]соработка помеѓу фудбалски клуб и млекара !
Станува збор за договорот помѓу Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит и млекарата Милс од Сплит кои претставија палета млечни производи кои ќе бидат пласирани на пазарот на почетокот од Февруари 2014 год. а кои ќе бидат ко-брендирани и ќе го носат името на прославениот фудбалски клуб.
Се очекува дека оваа локална соработка ќе успее полесно да го трасира патот на Милс млечните производи до кујната на сите Хајдукови навивачи и со тоа, ова поврзување на брендовите, да донесе прилично зголемување на приходите на двете страни.
Иако не е прв пат производи од широката потрошувачка тесно да се врзуваат со некој спортски бренд и “пластично“ да ја комерцијализираат емоционалната поврзаност на широка група луѓе со некој спортски клуб, секако дека оваа иницијатива ќе биде под будното око на регионалните маркетери кои со нетрпение ќе ги очекуваат следните финансиски резултати на ФК Хајдук и млекарата Милс.
Ако ова биде успешно, немојте да Ве чуди ако и во Скопје чуете: “За мене едно Хајдук млеко, јогур и сирење“