На дванаесетото натпреварување за најдобри медиски стратегии Sempler, се пријавија вкупно 65 проекти, од кои дури 51 пријавија агенциите и огласувачите од Словенија. Седум проекти доаѓаат од Србија, пет од Хрватска и за прв пат два проекти од Бугарија.
Пријавените медиски стратегии ќе се борат за Sempler наградите во вкупно шест категории.
Меѓу 35-те пријавени проекти од огласувачи, најмногу (7) пријавиле од Si.mobil и Nova KBM (5),потоа следуваат Abanka, Atlantic Grupa, Renault и Triglav со по три пријавени проекти.
Меѓу агенциите, најмногу пријави има од Пристоп, која учествува во вкупно 11 проекти, потоа OMD Словенја со осум. Четири проекти пристигнаа од куњата на ZenithOptimedia, а по три од Formitas BBDO, PHD Media и Sonce.net.
“Јасно е дека огласувачите и агенциите се повеќе се свесни за значењето кое го има долгорочната медиска стратегија за успешноста на нивните маркетинг оделенија и комуницирањето со целните јавности. Тоа особено се гледа од поголемиот број на пријави во категориите иновативна употреба на комуникациските канали и најдобри искуствени акции, што докажува дека иновациите и креирањето доживување се клучен елемент на современиот маркетинг, насочен спрема потрошувачите“, вели Валерија Преволшек, директорка на Media Pool, органзатор и сопственик на брендот Sempl.
Жирито кое оваа година го сочинуваат 9 членови ќе го предводи Венсна Бегановиќ, директорка на агенцијата Via Media од Босна и Херцеговина, а покрај неа го сочинуваат и : Ванја Блуменштајн (Senor), Марина Чулич Фишер (Проксимити Загреб), Сашо Димитриевски (Пристоп), Полона Јаворник (OMG и OML Slovenija), Александра Крегар Брус (Atlantic Grupa), Марио Ловриќ (Universal McCann од Загреб), Александра Познаниќ (Jaffa Crrvenka) и Иван Станковиќ директор на Комунис DDB.
Сите победници ќе бидат прогласени на првиот ден од Sempl, на 27 ноември.