Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 29 ноември на церемонијата во рамките на конференцијата SEMPL
Регионалното жири ќе има тешка работа, бидејќи ќе мора да ги избере најдобрите меѓу повеќе од деведесет пријавени кампањи.
Во борбата за дванаесет награди Golden Sempler и Grand Sempler за најдобра медиумска стратегија во 2018 година, се пријавија 32 кандидати од шест земји од регионот, што значи дека сме сведоци на најразновидна конкуренција за наградите Sempler досега. Најголем број на пријави, односно 12, се регистрирани во категориите – Иновативна употреба на медиумски канали и Најдобра кампања на социјалните мрежи, како и во новата категорија Инфлуенсер маркетинг.
Финалистите од натпреварувањето ќе бидат познати на 28 ноември, а добитниците на наградите ќе бидат објавени еден ден подоцна, на 29 ноември на церемонијата во рамките на конференцијата SEMPL
Со регионалното жири претседава Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на кластери за локални алкохолни пијалаци во Coca-Cola Helenic, а освен неа, овогодишната жири комисија ја сочинуваат и Лејла Беба, директор за маркетинг и комуникации во ASA Банка од Босна и Херцеговина, Василие Чорлука, главен креативен директор во агенцијата Publicis One Adriatic од Македонија, Сања Џекиќ, директор на дигиталниот оддел во хрватската медиска агенција Mediacom CE, Наташа Филиповиќ, директор на агенцијата Ovation BBDO Белград, Миранда Младин, извршен директор за централен маркетинг и иновации во Atlantic Grupа од Хрватска, Борис Роган, извршен директор на хрватската агенција Luna\TBWA Загреб, Матвеж Шмалц, директор за бренд менаџмент и искуство во компанијата A1 Словенија и Алина Жугељ Пикало, медиски директор во агенцијата Pristop Media и директор на медиската агенција Mediaplus Adria од Словенија.