Завршува годината и со неа завршуваат сите планови за 2021. За некого беше среќна и весела, а за некого тажна и не толку успешна…секако исполнета со многу случки и приказни кои на крајот се само “додаток” во искуствата со кои се исполнува нештото наречено “живот”.
Уште денеска жарта ќе биде топла, а наковалната е веќе спремна да се создаваат приказните и плановите за 2022. Но, што е план без акција?
(A реално, баш после Нова година, не е некако време за акција, повеќе е за одмор пред кауч и гледање на зимски спортови…..или снукер, нели? :))
….За Акција (таму некаде после 15-ти) ни требаат храбри креативци, храбри клиенти и храбри брендови….да направат храбри планови што ќе создадат храбри приказни. Впрочем иста каква што е новогодишната со Дедо Мраз, Божиќ и Нова Година.
“А што, ќе веруваме ли на… новели?” – ќе рече некој “злобно”….
Кога сатирата и пародијата се секогаш проектирани околу нас, вреди ли пред Нова година “само да кажуваме” желби?
Драги, нема #утопија и нема #дистопија, но има луѓе и тие луѓе секојдневно наново го создаваат светот. Каков ќе биде тој, зависи од нив, зависи од нас!!
Нека биде година што ќе изнедри среќни, храбри и слободни луѓе што ќе направат еден нов, поубав свет за сите!
Ние ќе бидеме тука да бидеме гласот на тие храбри луѓе.
Маркетинг365 Ве сака, 365 дена од годината! #ОдимеХрабро #НемаНазад и секако дека #ВерувамеВоДедоМраз и сите нови храбри приказни!
******
Во продолжение, традиционално за секој последен ден од годината ги пренесуваме и новогодишните честитки на дел од македонските агенции.
Represent Communications Macedonia
WHY Agency
Nova Solutions
Продукција Перспектива
UM
Brand Union
Piksel
Kara5
MPG Skopje
Navigators
Chapter4
Bonus Traka: Marketing365