Мајкл Фелпс, американски пливач со 23 освоени олимписки златни медали, се тркаше (на накој начин) голема бела ајкула за промоција на Shark Week програмата на Discovery Channel.
Овај повеќекратен освојувач на олимпиското злато не успеа да ја победи големета ајкула во трката на 100 метри, но изгуби за само две секунди заостанување. Некои гледачи изразија разочарување што големата ајкула не беше вистинска, туку CGI анимација заснована на регистрираната брзина на пливање на оваа ајкула. „Дискавери“, со компјутерска симулација направи монтирано видео кое требаше да личи на трка помеѓу Мајкл Фелпс и големата бела ајкула.
The moment of glory for #TeamShark!!! #PhelpsVsShark #SharkWeek pic.twitter.com/NWYp1CwiRa
— Shark Week (@SharkWeek) July 24, 2017
Научникот Tristan Gutteridge, за време на емисијата изјави: „Секако, не можеме да го ставиме Мајкл Фелпс во едната лента, а ајкулата во друга. Мора да се направи симулација.“
Фелпс, кој носеше специјално одело за пливање со перки, изјави: „Искрено, првата мисла која ми помина во главата кога ја видов ајкулата беше дека веројатно имам многу мали шанси за да победам. Тие пливаат толку брзо, речиси како куршум. Не сакам да освојувам сребрени медали, но ќе го прифатам овај предизвик.“
За овогодишниот Shark Week Discovery, исто така е направена реклама со пејачот Seal (Seal = фока), користејќи го неговото име за игра на зборови, која совршено одговара на шоуто: „It’s a bad week to be a Seal“