Меѓународниот фестивал на креативностa White Square, признат во професионалната заедница ширум светот, продолжува со својот повик за пријавување. Повеќе од 15 години, Фестивалот White Square ја промовира креативноста, истовремено споделувајќи ги принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и универзалните човечки вредности. Годишно на Фестивалот учествуваат агенции и брендови од повеќе од 35 земји кои презентираат иновативни решенија и идеи.
Пријавите се прифаќаат онлајн во 243 номинации во осум натпревари: Creative, Branding, Marketing Services, Marketing Effectiveness, Digital, Media, Craft и Mass Media Contest. Оваа година фестивалот White Square ги ажурираше и вклучи нови номинации кои одговараат на актуелните трендови и релевантните барања на глобалната комуникациска индустрија, земајќи ги предвид новите тенденции.
На пример, во врска со брзата дигитализација и развојот на вештачката интелигенција, во натпреварот Digital беше воведена номинацијата „Употреба на вештачката интелигенција“, осмислена да ја демонстрира употребата на иновативните технологии во креативни проекти. Според членовите на жирито на фестивалот White Square, вештачката интелигенција никогаш нема целосно да ги замени луѓето, нивната креативност, интуиција и емоции. Сепак, компетентната употреба на новите технологии е одлична алатка која помага да се подобри работата на професионалците.
Фестивалот White Square секоја година поттикнува креативен пристап кон општествено важни теми и ја проширува листата на општествени номинации. Оваа година номинацијата „Инклузивен дизајн или пристапност“ е додадена кон натпреварот Mass Media. Пријавите доставени во општествените номинации, покрај главните критериуми како креативната идеја и нејзината реализација, ќе бидат оценувани и според нивното значење за општеството, позитивните промени во околината и во светот воопшто.
Жирито на фестивалот White Square 2024 ќе здружи извонредни претставници на креативната и комуникациската индустрија од различни земји, кои имаат освоено бројни професионални награди за нивните извонредни проекти, искусни жирирачи на престижни меѓународни фестивали за креативност.
Победниците на фестивалот White Square 2024 ќе бидат објавени во бројни медиуми што ја следат индустријата од целиот свет. Публикациите ги промовираат агенциите и најдобрите идеи пред меѓународната креативна заедница.
Главната фаза на поднесување пријави трае до 26 февруари 2024 година. За да дознаете повеќе за номинациите, критериумите за оценување и техничките барања, ве молиме разгледајте го приложениот Entry Kit.
Во соработка со фестивалот White Square, порталот Маркетинг365 ви нуди 10% попуст на котизацијата за пријавување на кампањи, со внес на специјалниот промотивен код MARKETING365.
Следете ги сите вести поврзани со фестивалот White Square на официјалната веб-страница на следниот линк.