Првиот пивски спонзор на Олимписките и Параолимписките игри, безалкохолното Corona Cero, ја претстави платформата “For Every Golden Moment” („За секој златен момент“). Кампањата ќе ги слави златните моменти во спортот, но истовремено и ќе ги потсетува лужето ширум светот да ги прифатат и да уживаат во сопствените златни моменти што се случуваат во секојдневниот живот.
Брендот на AB InBev го поканува светот да излезе надвор и повторно да се поврзе со природата – тема што носи свежа перспектива на релаксација и славење на Олимписките игри. Потсетувајќи го светот да се опушти, да остане блиску до природата и да го слави животот, Corona Cero ги зближува луѓето околу златните моменти – големи и мали. Од соборување рекорди до прекрасно зајдисонце, кампањата го потсетува светот на моќното влијание што значајните моменти го имаат врз животот.
Corona Cero ја лансира платформата на повеќе од 40 пазари на глобално ниво и ќе ја реализира преку сите достапни медиумски допирни точки – од видеоспотови, социјални медиуми, надворешни реклами, искуствени активности и специјални шишиња со олимписка тематика на избрани пазари ширум светот.
„Како прв глобален пивски спонзор на Олимписките игри, Corona Cero, со својата кампања „За секој златен момент“, нуди нова перспектива кон славењето на фановите и спортистите ширум светот. Заедно, се стремиме да го промовираме спортот и умереноста, придонесувајќи за подобар свет“ – истакнува Ен-Софи Вумард, извршна директорка за телевизиски и маркетинг услуги при Меѓународниот олимписки комитет.
Кампањата ќе се реализира во соработка со избран глобален тим на креативната агенциска мрежа Grey.