Данскиот бренд за накит Pandora неодамна лансираше нова колекција на ѓердани, нараквици и обетки насловена “Me” („Јас“), наменета за припадниците на младата Генерација „Z“.
По тој повод беше објавена и нова глобална кампања насловена “For every story, for every me” („За секоја приказна, за секое Јас“).
Во централниот спот на кампањата гледаме повеќе млади артисти, танцувачи и музичари од различно потекло кои со чувство на разиграност и индивидуалност го презентираат новиот накит на Pandora.
Покрај централниот спот, кампањата ќе биде проследена и со дополнителни видеа кои ја третираат темата стил и накит, како и со други онлајн и офлајн активности на брендот.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Anomaly London и продукциската куќа London Alley.