Компанијата “Glad“, во соработка со агенцијата Alma Miami, осмисли интересен билборд кој во текот на неделата покажува како портокалите кои се обвиткани со “Glad“ остануваат во свежа состојба и после една недела.
Имено, на билбордот се поставени парчиња портокал од кои дел се обвиткани со “Glad” а дел не. Во рок од седум дена овај постер (составен од дури 680 парчиња портокал) ја открива својата порака – “FRESH LONGER“ , испишана со контрасна боја која ја прават обвитканите парчиња кои останале свежи, поставени покрај оние другите кои станале трули.
Погледнете: