Фудбалскиот клуб Барселона и Интел потпишаа петгодишен спонзорски договор од 25 милиони долари за „невидливо“ рекламирање.
“Интел инсaид” ќе биде отпечатен на дресовите на фудбалерите од Каталонија, но од внатрешната страна и ќе биде видлив само кога ќе се постигнуваат голови.
Со овој договор играчите не се обврзани секојпат да го откриваат скриениот знак на Интел, по секој постигнат гол. Но поради ефикасноста на фудбалерите на Барселона потегот на Интел е сосема економски оправдан.