Кога луѓето читаат некоја статија на The New York Times, тие може да го знаат името на новинарот, но не ја знаат приказната позади приказната.
Со цел да им понуди увид на читателите во „човечката позадина“ на статиите, американскиот дневен весник ја лансираше кампањата “The Truth Takes a Journalist” („За вистината е потребен новинар“).
Централниот спот на кампањата е составен од архивски снимки кои различни новинари на New York Times ги направиле со својот мобилен телефон при документирањето на разни случувања низ светот.
Сведоштвата во прво лици се движат од полни со среќа, до трагични, од воодушевуачки и забавни, до страшни и комплицирани – низ сето она што новинарите мора да поминат за да дојдат до добра и важна приказна за своите читатели.
Кампањата вклучува активности на телевизија, онлајн стриминг сервиси, дигитални билборди, како и активности на социјалната мрежа TikTok, што претставува новитет во маркетингот на брендот.
Реализацијата на кампањата беше потпомогната од креативната агенција Droga5 и продукциската куќа Somesuch.