„Само кога се чувствувате безбедни може да бидете целосно слободни“ – е пораката која ја испраќа шведскиот автомобилски производител Volvo со својата нова кампања насловена “For Life” („За животот“).
Кампањата има за цел промоција на електричниот SUV модел EX90, но наместо да се фокусира на конкретните безбедносни функции на автомобилот, Volvo реши да ја илустрира нивната принципиелна посветеност кон безбедноста и сигурноста на своите корисници и патници.
Како што малите деца носат „мускули“ за да се одржуваат во вода, или пак скејтбордерите носат штитници за своите колена и зглобови, така и оние луѓе кои сакаат да се најбезбедни во моторниот сообраќај треба да ги изберат возилата на Volvo – тоа е аналогјата што ја користи брендот за да ја пренесе суштинската порака на својата кампања.
Како заштитни лица на кампањата се јавуваат шведската поп-ѕвезда Сеинабо Сеј, кинеската параолимпијка Луи Куиќин и британско-јапонската скејтбордерка Скај Браун, кои што се појавуваат и во централниот спот. Притоа, рекламата е проследена со преработена верзија на песната “Don’t Stop Me Now” од Queen.
Кампањата е создадена во соработка со креативните агенции AKQA и Grey, како и продукциската куќа New-Land.