Социјалната мрежа TikTok лансираше нова кампања за британскиот пазар во која главни ѕвезди се популарните комичари и презентери Ант и Дек.
Централниот спот на кампањата насловена „Забава. Сега на ТикТок.“ го илустрира развојот на забавата низ вековите, почнувајќи од праисторијата, преку древниот Рим, барокната ера, црно-белите снимки на раниот 20 век, шарените цртани на доцниот 20 век, завршувајќи со денешницата и ТикТок.
Самите комичари се дел од платформата и досега имаат акумулирано преку 3 милиони следбеници и 21 милион лајкови.
„Ант и Дек се неоспорните кралеви на британската забава и ние сме горди што работиме со нив во оваа кампања. Нивната вклученост да ни помогнат да ја покажеме еволуцијата на забавата и раскажувањето приказни во нашата последна кампања е доказ за растот на нашиот бренд, но и за нашето ‘нарушување’ во просторот за забава“ – истакнува Џејмс Ротвел, директор за маркетинг за регионот на Европа, Блискиот Исток и Азија во ТикТок.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother London и продукциската куќа Rogue.