Германскиот автомобилски производител Mercedes-Benz објави дека возилата од G-класата стануваат електрични, а по тој повод објави и нова „ретро-футуристичка“ кампања.
Можеби звучи оксиморонски, меѓутоа тоа е шармот и најдобриот опис за реклама која е конципирана како „епски“ научно-фантастичен филм од 1970-тите години.
Имено, централниот хумористичен спот на кампањата прикажува семејство во 1970-тите кое на телевизија гледа филм за футуристичка утопија во „далечната“ 2021 година, со луѓе и роботи кои живеат во хармонија, со вонземски посетители и секако, со електрични автомобили.
Пораката е дека ако тоа беше незамисливо и фантастично за луѓето во 1979 година, сега тоа е реалност – барем последното од наведените нешта.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Antoni Berlin и продукциската куќа Anorak.