Регулаторното тело за огласувачки стандарди на Обединетото Кралство донесе одлука да го забрани емитувањето на две реклами за теренското возило Jaguar Land Rover, пренесува британскиот адвертајзинг магазин Campaign.
Рекламите прикажувале сцена во која возилото се паркира наназад на работ од карпа со остар наклон надолу, благодарение на своите сензори за паркирање.
Според добиени поплаки, рекламите ја преценувале способноста на сензорите за паркирање, кои функционираат доколку зад нив се наоѓаат цврсти објекти, а не празен простор како во случајот со карпата.
Огласувачот Jaguar Land Rover призна дека сензорите за паркирање нема да предупредуваат за празен простор зад возилото, но тврдеше дека страничните снимки на рекламите јасно покажуваат дека возилото се движи наназад кон камења што би биле откриена од сензорите.
Сепак, регулаторното тело не го најде ова објаснување како доволно добро и остана на својата одлука за повлекување на рекламите или пак отстранување на спорната сцена пред нивното повторно емитување.