Во Велика Британија си имаат тело кое се занимава со тоа како изгледаат рекламите кои смеат да се емитуваат на мас медиумите, со посебен акцент на телевизијата.
Една таква, според нив too sexsy ТВ реклама во која своја “бикини“ улога има популарната плејбој зајачица Памела Андерсон, од вчера е банирана.
Образложението на ова тело (UK’s Advertising Standards Authority) е дека рекламата е премногу сексистичка и го навредува интегритетот на деловната жена.
Забраната, како што можете да видите од ЛИНКОВ, е по пријава од 4 гледачи кои се навредиле од неа :)
Иначе, рекламата е дело на агенцијата Space City Productions а е направена за сметка на австралискиот клиент Dreamscape Networks Ltd.
Да не беше оваа забранета (читај: да не беше Памела Андерсон забранета) којзнае дали некогаш ќе чуевме за оваа агенција и оваа компанија. Но еве, денеска за нив пишуваме и тука во Македонија :)
Муабетот е, што мислите дали има можност сето ова да е фино наместено и поштено подмачкано…или навистина се нашле 4-ца “совесни“ гледачи на кои им засметала голотијата ?
А да… рекламата :) Уживајте !