Од отворените небески пространства до ригидните планински патеки, морски бранови и сè помеѓу – часовниците Khaki Aviation X-Wind, Khaki Field и Khaki Navy Frogman се претставени во извонредни природни средини, правејќи го токму она за што се дизајнирани: да инспирираат истражување.
Желбата да се оди чекор понатаму во непознатото е основна карактеристика на авантуристичкиот идентитет на часовничарскиот бренд Hamilton. Потрагата по она што се наоѓа зад хоризонтот, после свиокот на патеката или длабоко под површината на океанот – сето тоа е дел од личното патешествие на самооткривање, возможно само кога се туркаме себеси да видиме до каде можеме и да дознаеме што се крие надвор од нашата зона на комфор.
Новата кампања „Step Outside“ го возвишува истражувачот во секој од нас. Парчињата од колекцијата Khaki – секое успешно во своето уникатно опкружување – се алатки што овозможуваат откривање и пристап до места и моменти кога времето се чини како да застанува, а тие мигови стануваат сеќавања што нè обликуваат.
Во небото, Hamilton Khaki Aviation X-Wind Automatic Chronograph го претставува спојот на авантурата и прецизноста. Овој иновативен часовник ја нуди точноста што на пилотите им е потребна кога откриваат нови летечки рути и нови перспективи. Опремен со првиот калкулатор за агол на занес во рачен часовник, X-Wind Automatic Chronograph нуди функции од пилотската кабина со стил и практичност за секојдневно носење.

Подеднакво прилагоден и за планински патеки, алпски врвови или градски улици, Hamilton Khaki Field Automatic го носи класичниот стил на теренски часовник во комбинација со врвна иновација. Со резервна моќност од 80 часа, Khaki Field Automatic е изработен за сигурност без разлика каде ќе ве однесе вашата авантура. Со елегантен дизајн и проверени материјали, овој часовник е совршен за сè – од трчање по планински патеки, до сериозни планинарски предизвици.

Во океанот, сигурен и робустен часовник е неопходна опрема. Без разлика дали се обидувате да ги „фатите“ брановите, да нурнете длабоко или да следите рибарски улов на отворено море, Khaki Navy Frogman Automatic е вистинската алатка за таква цел. Издржлив и со врвни технички перформанси, овој модел нуди водоотпорност до 30 бари (300 метри) и има препознатлива заштитна круна за навивање што дополнително го истакнува неговиот морепловски и истраен карактер.

Возвишувајќи ја авантурата во сите нејзини облици, кампањата „Step Outside“ ја слави желбата за откривање нови пространства и ги истакнува „алатките“ од колекцијата Khaki на Hamilton што нè инспирираат и нè водат чекор понатаму.