Новиот видео спот на Телеком веднаш го привлече вниманието на медиумите и јавноста, кои позитивно ја прифатија пораката за отфрлање на предрасудите.
Видеото „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат” е продолжување на комуникациската платформа #НаправиМесто, која Телеком ја започна лани, за да поттикне отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за целосно да се поврземе.
Снимањето на видеото се случуваше во градинката „Пролет“, во истоимената населба, а во него учествуваа повеќе мали бебиња (во присуство на нивните родители, се разбира) и нашиот популарен актер и шоумен, Игор Џамбазов.
Но, како е да се работи на сет каде што главните ѕвезди се мали бебиња? Погледнете ги екслузивните снимки од зад камерата за да дознаете.
Бебешките креветчиња кои беа користени во спотот Телеком ги донираше на градинката.
Идејата на спотот беше наративно, но и визуелно, да го прикаже создавањето на предрасудите и да ни покаже дека само ние ја имаме моќта да ги спречиме поделбите, да ги срушиме бариерите и целосно да се поврземе.
Симболичното оддалечување и потоа зближување на бебешките креветчиња во спотот ја прикажува тенденцијата на предрасудите да нѐ оддалечат едни од други, а подадените раце на Игор Џамбазов кои повторно ги зближуваат едно до друго ја претставува нашата желба повторно да се поврземе и заедно да бидеме дел од едно поубаво место за живеење.