Хрватскиот производител на кондиторски производи Kraš неодамна ја претстави редизајнираната Bajadera (Бајадера), истовремено придружена со нова креативна кампања.
„Бајадера е бренд кој го симболизира самиот Kraš. Имајќи ја предвид неговата препознатливост и репутација кај потрошувачите, со посебно внимание пристапивме кон редизајнот и кампањата. Со одржување на квалитетот на вкусот, ја доближуваме Бајадера до новите генерации, со желба и тие да откријат колку е добра. Пораката на кампањата е она што навистина претставува Бајадера – задоволство што не треба да чека“ – објаснува Никша Фарац, маркетинг директор на Kraš.
Редизајнот и кампањата се изработени во пресрет на 70-от роденден на брендот Бајадера, кој ќе се слави следната година.
Под редизајнот на Бајдера, кој ги следи современите естетски стандарди, се потпишува креативниот тим на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey. Креативниот концепт на кампањата е осмислен од Saatchi & Saatchi, додека за неговата имплементација е одговорна агенцијата Šanavala Concept Store. Телевизискиот спот за новата кампања е изработен од страна на продукциското студио Val Productions.