Во својата нова кампања, италијанскиот бренд на кафе Lavazza го претстави роботот Луиџи, напојуван од вештачка интелигенција, кој служи кафе во канцелариите на некоја компанија.
Набљудувајќи со какво задоволство го пијат кафето неговите „човечки колеги“, Луиџи мечтае по истото искуство. Една вечер, кога нема никој, малиот робот конечно се одлучува да се напие кафе, но обземен од напливот на емоции – доживува пад на системот.
Со оваа кампања, Lavazza нè потсетува дека она што нè прави луѓе и нè разликува од вештачката интелигенција, се всушност чувствата и задоволствата што ги доживуваме.
„Ние веруваме дека шолја кафе е многу повеќе од пијалок: тоа е момент за повторно полнење на батериите, што треба да се сподели со саканите. Тоа е синоним за задоволство. Најголемиот сон на Луиџи е да го проба нашето кафе и да го почувствува истото задоволство, но не може“ – истакнуваат од Lavazza.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција VML.