Шведската компанија за производство на автомобили Volvo Cars ја продолжува соработката со фудбалскиот ас Златан Ибрахимовиќ. Овој пат, нивната соработка се однесува на Европската кампања за промоција на новата премиум серија V90 пред почетокот на европското првенство.
Соработката меѓу шведските асови, официјално, пред јавноста беше лансирана вчеравечер преку националните телевизии и преку социјалните медиуми.
Новата кампања го претставува поранешниот напаѓач на PSG (Paris Saint-Germain) и долгогодишен симпатизер и возач на Волво (Volvo), Ибрахимовиќ од скромните почетоци во една од најтешките населби во Малме до спортски статус на светска ѕвезда:
Според Андерс Густафсон, постар земник претседател во Волво Карс за Европа, Блиски Исток и АФрика, кампањата се базира на способноста да размислуваш поинаку.
„Кампањата е прослава на независниот и слободен ум, на моќта која лежи во способноста да размислуваш поинаку. Постојат многу сличности помеѓу Златан и Волво. Ние немаше да стигнеме тука каде што сме ако работевме како и другите“, вели Густафсон.
Надградувајќи се на неоспорната историја на Волво, новиот V90 претставува чекор напред во поглед на естетиката, материјалите и завршната обработка, оддржувајќи ја и достигнувајќи ја најпрактичната природа на секоја серија автомобили. Волво V90 може да се пофали со високо ниво на стандардна опрема, почнувајќи од системот за детекција на големи животни (Large Animal Detection) до втората генерација на Пилот Асистент (Pilot Assist), полуавтономна функција на возење.
Кампањата за новиот V90, исто така, го претставува уникатниот резултат на Ханс Цимер (Hans Zimmer), светски познат креатор на филмови и добитник на награда „Оскар“ од Академијата (Academy Award), како што се Гладијатор (Gladiator), Пиратите од Карибите (Pirates of the Caribbean), Инцепшн (Inception) и Интерсателар (Interstellar).
„Секогаш сум бил симпатизер на шведските икони – Абба и Златан. Работејќи на овој проект со Волво и Златан го искусив најдоброто од Шведска. Ова навистина е благородно искуство, “ рече Цимер.