Во духот на заедништвото, радоста и чувството за споделување, италијанскиот бренд на луксузен накит Bvlgari ги повикува своите фанови да уживаат во празничната сезона.
Од Bvlgari порачуваат дека само преку значајните човечки врски, полни со топлина, отвореност и искрена спонтаност, може да се искуси автентичната италијанска уметност на живеење како препознатлив белег на римската модна куќа.
Дејството на разиграниот празничен спот се случува токму зад вратите на луксузниот хотел на Bvlgari во Рим, каде радоста на споделување подароци е издигната во уникатна форма на уметност со беспрекорно изработени и иконични креации на накит кои изненадуваат и воодушевуваат.
Претставените креации блескаат со безвременскиот и секогаш современ шарм на дизајните на Bvlgari, отелотворувајќи ја занаетчиската вештина. Но, освен препознатливите парчиња накит, тука се секако и рачните чанти, наочари и пред сè привлечните парфеми за мажи и жени. Секој од нив е изработен со најинспиративните состојки на природата, додавајќи допир на емоции и магија во овој период од годината.
Новата празнична кампања на Bvlgari е создадена во соработка со креативната агенција Publicis La Maison.