Агенцијата Bruketa&Žinić OM и дигиталната агенција Brlog, за потребите на Туристичката заедница на градот Загреб лансираа нова мобилна апликација «Zagreb Be There», со која туристите ќе можат да одберат неколку тематски патишта за обиколка на Загреб и да освојат награда.
(РЕГИОН) – Туристичката заедница на градот Загреб лансираше нова мобилна апликација Zagreb Be There, со која на посетителите на Загреб им се предлагаат различни тематски патишта/рути за обиколка на главниот град на Хрватска, со помош на паметните телефони.
Апликацијата, засега, нуди пет можни рути од кои секоја го претставува Загреб на различен начин. Така, една од рутите е Space Explorer, на која се наоѓаат локациите на сите приземјени планети од сончевиот состав од уметничката инсталација на Иван Кожариц и Давор Преис.
Рутата Hidden Spots, на пример, го открива последниот горноградски бунар, напуштените гробишта во Jurjevskoj или насликаната водена пумпа, посветена на Дино Дворнник од серијата Pimp my Pump, додека на рутата Indie Zagreb, се наоѓа Музејот на прекинати врски, Музејот на улична уметност или спомен-плочата на Томислав Готович – “Загреб, те сакам“ во Илич.
Тука се уште и рутите Refreshing и Classic Zagreb. Проектот го осмисли рекламната агенција Bruketa&Žinić OM и дигиталната агенција Brlog, во соработка со Туристичката заедница на градот Загреб.
Апликацијата е достапна на Android i iPhone уредите, а смислена е спема gamification принципот. Откако ќе ја одберат рутата, туристите ја обиколуваат локацијата и се чекираат на неа, а за обиколката им помага карта.
Кога туристите се чекираат, на поголемиот дел од локациите на рутата, отклучуваат една од наградите, како на пример, попуст на влезниците или 2 за 1 понудата за изнајмување на велосипед. Партнери на проектот се Музејот на прекинати врски, Лауба, Техничкиот музеј, NextBike и Зоолошката градина на градот Загреб.
Апликацијата може да се превземе од микространицата betherezagreb.com или по пат на QR кодот на летоците кои можат да се пронајдат на многу места низ градот.