Американскиот претседател Доналд Трамп го користи Твитер за речиси сите објави, па така и да се закани со војна кон Северна Кореја, а Твитер не планира да го спречи тоа
Познато е дека Доналд Трамп, веројатно најмалку конвенционалниот претседател на САД во историјата, е голем љубител на Твитер. Оваа социјална мрежа ја користи за своите приватни пресметки со неистомислениците, за политички објави, коментари за секојдневните настани и воопшто за се` за што ја користеше и кога не беше претседател.
Не, со големите овластувања доаѓа и голема одговорност, а Трамп и понатаму продолжува по свое. На пример, во вторникот, на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, во твит му порача дека има “поголемо и помоќно нуклеарно копче на својата работна маса”, и дека тоа функционира. Секако, ова тврдење може да се смета за закана од нуклеарна војна, па многу корисници одлучија до Твитер да ја пријават оваа објава на Трамп- но тоа се покажа безуспешно.
North Korean Leader Kim Jong Un just stated that the “Nuclear Button is on his desk at all times.” Will someone from his depleted and food starved regime please inform him that I too have a Nuclear Button, but it is a much bigger & more powerful one than his, and my Button works!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 3, 2018
До оние кои навеле дека ваквите закани претставуваат кршење на Твитер правилата за користење, од компанијата им било одговорно дека во оваа објава “нема ништо што е во спротивност со нивната политика против заканите и насилството”. Имено, новите правила говорат дека одредбите за заканите за насилство не се однесуваат на воени и владини ентитети.
По овај повод, протестантите во Сан Франциско, започнаа апел за банирање на профилот на Трамп, а фразата “”@jack is #complicit” – имплицира дека Џек Дорси, еден од основачите на оваа социјална мрежа, би можел да биде соучесник во случај навистина да дојде до нуклеарна војна.