Словенечкиот синџир на супермаркети Mercator активно ја спроведува својата нова кампања насловена „Залет за полет“, со цел поддршка на Словенечката федерација во скијачки скокови и младите словенечки ски-скокачи.
Главната улога во кампањата ја имаат младите ски-скокачи од скијачкиот клуб Илирија, а во придружба на нивниот тренер ги гледаме како реализираат „сув“ тренинг на нивниот домашен терен – скокалницата во Мостец.
Од Mercator веруваат дека секој млад спортист може еден ден да го достигне светскиот врв само ако му се даде можност да го стори тоа. Тие истакнуваат дека општеството мора да научи што поскоро да ги препознава ваквите можности, бидејќи токму младите спортисти ќе го понесат товарот за освојување медали кога ќе исчезне врвната форма на актуелниот словенечки шампион.
Огласувачката кампања ќе биде придружена со телевизиски, печатени, радио и дигитални реклами, како и билборди и светлосни дисплеи.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Luna\TBWA Ljubljana.