Од норвешкиот бренд на полначи за електрични возила Easee се надеваат дека ќе го „намамат“ Елон Маск да им се придружи на кафе, додека милјардерот присуствува во норвешкиот град Ставангер на конференција која треба да се одржи од 29 август до 1 септември.
Основачот на Tesla и SpaceX ќе отпатува во скандинавската земја за да зборува на ONS 2022 – енергетска конференција организирана од Градскиот совет на Ставангер, Statoil, Stavanger Forum и Норвешкото нафтено друштво. Додека Маск е во нивниот матичен град, тимот на Easee се надева дека ќе разговара со милјардерот за иднината на е-мобилноста, меѓу останатите важни теми.
Начинот на кој Easee сакаат да го привлечат Елон Маск е преку хумористична кампања која прикажува град кој е целосно опседнат со него. Луѓето го тетовираат неговиот лик, бронзени статуи од него се наредени по улиците, а децата добиваат необични имиња – слично како неговите. Луѓето дури се обидуваат да лансираат ракети во вселената, и тоа како хоби!
„Која е штетата во обидот? Веројатно е полесно отколку да се одлучиме што да спакуваме за долгото патување до Марс“ – посочуваат од компанијата Easee.
Колку ќе биде успешен нивниот обид, ќе видиме. Важно го привлекоа вниманието на светската јавност. :)