Новото 24. Издание на огласувачкиот фестивал ФАРА, во организација на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА), ќе се одржи помеѓу 6 и 8 јуни 2024 година во Бургас.
ФАРА на едно место собира специјалисти за комуникација, креативци и маркетери, претставувајќи еден вид пресек и каталог на огласувачката индустрија во Бугарија. Покрај доделувањето на признанија за најдобрите кампањи во изминатата година, паралелно ќе се реализира и едукативна програма со стручни предавања.
Агенциите и огласувачите веќе можат да се пријавуваат онлајн за натпреварувачкиот дел на фестивалот. Крајниот рок за учество е 18 април, а ќе се оценуваат кампањите спроведени, објавени и емитувани помеѓу 1 јануари 2023 година и 18 април 2024 година.
И оваа година во рамки на натпреварувачкиот дел на ФАРА се издвојуваат два посебни натпревари – креативен и медиумски, со оглед на специфичноста на апликациите. Во секој од нив има и некои иновации.
Во креативниот натпревар има нова поткатегорија „Креативно користење на дигитални и социјални канали“. Во категоријата „Бренд идентитет“, ќе можат да учествуваат проекти што претставуваат целосни концепти за брендирање кои содржат елементи создадени по 01.01.2022 година, а активно се применуваат до 18 април 2024 година. Оваа промена е направена со цел да ги претставува тековните формати на огласување.
Во секцијата за медиуми се додава нова категорија „Користење на инфлуенсер маркетинг“, а во веќе постоечката „Позитивна промена – брендови“ сега можат да учествуваат кампањи кои „промовираат добро преку маркетинг комуникации“.
Повеќе информации за фестивалот се достапни на следниот ЛИНК.