Cannes Lions – најпознатиот и најрелевантниот интернационален фестивал на креативната индустрија ги отвори своите “врати“ за овогодинешните пријави.
За изданието во 2015 година (од 21 до 27 јуни) организаторите објавија неколку значајни промени.
Една од главните промени ќе биде во склоп на Lions Innovation Festival (фестивал во фестивалот кој ќе се оддржи на 25 и 26 јуни) каде ќе биде вклучена новата Creative Data категорија која треба да постави нови мерила за иновативност и креативност која е поттикната од податоците.
Извршниот директор на Cannes Lions г-дин Philip Thomas во врска со лансирањето на новата категорија (која се заговарала дури од 2012 година) изјави: “Одлучни сме во тоа да бидеме предводници на индустријата, што значи дека ние ги рефлектираме трендовите, а понекогаш и ги поставуваме. Creative Data Lion e остварување на тие начела. Информациите од податоците се снажна сила на креативните решенија така што стана императив сето тоа да се слави на фестивалот. Ние сме прв глобален креативен фестивал која сето ова го препозна, што значи дека сме и први кои ја препознаа улогата на податоците (data) во креативноста“
Новата категорија се состои од 11 подкатегории, кои ги опфаќаат најкреативните употреби на податоците (data) и претставуваат проекти чија срж е баш ваквиот пристап.
Некои останати овогодишни промени се и:
– Имајки на ум дека бизнис влијанието на креативноста е долгорочен, организаторите решија дека Creative Effectiveness Lions се проширува со проекти кои беа реализирани во последните три години.
– Product Design Lions условите за аплицирање се проширија на проекти од последните две години.
– Проектите од финалињата и наградените од Lions Healt и Lions Innovation категориите влегуваат во изборот за Cannes Lions Special Awards, вклучувајќи ги наградите Agency of the Year, Independent Agency of the Year, Network of the Year, Regional Network of the Year и Holding Company of the Year.
За повеќе информации околу правилата и пријавувањето посетете ја официјалната станица http://www.canneslions.com/ или испратете ги Вашите прашања на entries@canneslions.com