Македонската е-Спорт Федерација, синоќа, во Синеплекс, го организираше првиот официјален натревар во Првата Македонска е-Спорт Лига.
Во комбинација со ГГТВ.мк, во присуство на преку 300 љубители на компјутерските игри, двата најдобри тима во Кантер Страјк, ЕНТИТИ И Дарк Сајд влегоа во е-спорт историјата на Македонија, како први официјални учесници во е-спорт лигата. Овие две екипи се дел од Paynet лигата во Кантер Страјк, која се состои од 6 екипи.
“Ова е првиот официјален натпревар во е-спорт во Република Македонија„, објаснува Бобан Тотовски, претседател на МеСФ. Тој додаде „Русија оваа година го официјализираше компјутерскиот спорт со што се приклучи на Италија и Данска, се надеваме и Македонија наскоро ќе се приклучи кон другите европски држави во натпреварување во е-Спорт
Спорт Лигата, која се организира во соработка со ЛЕНОВО, ќе трае до крајот на Август, по што ќе следува завршниот турнир на кој ќе го дознаеме македонскиот шампион.
Победникот ќе ја претставува Македонија на Светското првенство, кое ќе се одржи во Октомври, во Џакарта, Индонезија.