Синоќа на Ал Џезеира Балкан се емитуваше премиерната епизода од серијалот “Алхемија на Балканот“ посветен на Македонија чиј автор и водител е прославениот мајстор на репортажата г-дин Горан Милиќ.
Циклусот е составен од 9 емисии кои премиерно ќе се емитуваат секој четврток во 21:30 часот а во текот на неделата ќе има и неколку репризни изданија.
Во првата емисија од серијалот Алхемија на Балканот – Македонија, која служеше и како најава на самиот серијал на кратко ги видовме најинтересните места, природните убавини, Охридското езеро со неговите знаменитости – бисери, пастрмката, чистата и бистра вода, туристичките атракции.
Ги видовме и протагонистите на политичката сцена – премиерот Никола Груевски и шефот на опозицијата Зоран Заев. Гостуваше и големиот македонски режисер Милчо Манчевски како и неколку домашни претприемачи и бизнисмени, а крајот го красеше и разговорот со убавата македонска манекенка Катерина Ивановска, која живее во Њујорк, но која зборува дека и понатаму се чувствува најсреќна во родното Скопје.
Погледнете ја првата епизода од серијалот во продолжение: