Во првата епизода од третата сезона на SoMoCast, домаќинот Никола Врдољак разговараше со Марко Матијевиќ од Хрватско здружение на дигитални издавачи.
Марко Матијевиќ е директор и главен уредник на порталите srednja.hr, mirovina.hr и baustela.hr, од кои првиот го започнал уште додека бил студент. Од шесто одделение знаел дека ќе биде новинар, а сонот му се остварил на факултет кога го лансирал порталот srednja.hr, денес најголемиот дигитален глас на младите во Хрватска.
Во текот на разговорот, Матијевиќ ги сподели своите искуства за развојот на овие специјализирани медиуми, за предизвиците со кои се соочува и за иновациите кои ја обликуваат иднината на медиумите во Хрватска. Тој исто така ни пренесува што мисли за ТикТок и дали ја гледа вештачката интелигенција како закана или помош за денешното новинарство.
Еден дел од разговорот беше посветен и на „мимовите“ („мемињата“) како иновативен модел на монетизација, осврнувајќи се на примерот на „Pametna kuća“ како единствениот медиум во Хрватска кој генерира приходи од „мимови“.
Брендовите ја препознаваат вредноста на оваа форма на комуникација и користат „мимови“ како алатка за неформална и забавна комуникација со целната група. „Pametna kuća“ им нуди на брендовите можност да закупат рекламен простор во рамките на популарни „мимови“, така комбинирајќи автентични содржини со рекламни пораки на начин кој е прилагоден на современите трендови во дигиталната комуникација.
Првата епизода од новата сезона на SoMo Cast можете во целост да ја гледате (или слушате) на следниот ЛИНК.
SoMoCast е поткаст што фрла ново светло на динамичниот свет на дигиталниот бизнис, медиумите и маркетингот. Придружете му се на модераторот Никола Врдољак во разговори со водечки дигиталци од регионот и научете од прва рака како функционира денешната дигитална индустрија.
Сите новости за овогодинешното издание на SoMo Borac можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на нивната официјална веб-страница, какко и на профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn. Додека ги чекате најновите информации за тоа што ни подготвуваат организаторите оваа година, слушајте ги минатогодишните предавања на YouTube.