Започнаа подготовките за јубилејното десетто издание на Weekend Media Фестивалот. Најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа оваа година ќе се одржи од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под генерално покровителство на Adris група.
Weekend до сега го посетиле речиси 45.000 учесници: 1.000 говорници, 35.000 медиски, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Прв ги најави и некои од топ трендовите како што се мобилното огласување, native огласувањето, дигитализацијата, programmatic и blockchain.
„Десеттата годишнина значи дека направивме добра работа, но истовремено ни е и голем предизвик. За десеттото, јубилејно издание очекуваме пресвртница и со високи стандарди подготвуваме нешто посебно, што сите посетители ќе можат да го видат на изглед и по содржина“, изјави Томо Рицов, директор на Weekend Media Фестивалот.
Weekend Media Festival се позиционира како средишно место на чија сцена се претставуваат најголемите комуникациски трендови, технолошки иновации, револуционерни технологии и се креираат клучните buzz теми од познати стручњаци и реномирани предавачи од деловниот свет. „Во текот на изминатите десет години, сите се менувавме, а Weekend стана се`подобар. Започна како медиски маркетинг фестивал, а сега е фестивал за бизнис, технологии и креативност кој вклучува медиуми и маркетинг. За десеттата годишнина подготвуваме подобра и позначајна програма со уште поголеми исчекори и сигурен сум дека сите ќе бидат воодушевени“, ветува Никола Врдољак, програмски директор на фестивалот.
Weekend Media Festival во текот на последните десет години стана синоним за опуштено место на кое се собираат бројни комуникациски маркетинг стручњаци, а исто така и за сите оние кои сакаат да ги обноват бизнис познанствата и да стекнат нови, да слушнат за релевантните трендови во бизнисот, а воедно и одлично да се забавуваат. „Од првиот ден до денес, постои доследност на овај проект, а тоа е да истрае на концептот на креативно дружење. Тоа е проект на кој сите му се радуваат, од учесниците, самите панелисти, па до публиката и луѓето кои навраќаат од самиот Ровињ. Мислам дека ова е препознатлива адреса и финале на сјајните настани кои ги имаме во текот на годината. Поентираме и на фактот дека комуникациската индустрија исто така доаѓа на своето – да учи, разменува бизнис искуства, договара соработки, а притоа се забавува, односно ужива во проектите, особено во ноќниот и покреативен дел на овај фестивал“, истакна директорот за корпоративни комуникации на Adris група, Предраг Грубиќ.
Weekend не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е и место за најпознатите забави и networking, кои оваа година ќе бидат подигнати на ново ниво. За опуштената атмосфера на фестивалот ќе придонесе осмислена музичка програма која одсекогаш била еден од неговите најсилни адути, а така ќе биде и оваа година. Со тоа ќе се прослави десетгодишнината на фестивалот, а факторот на изненадување, нема да недостига.