Со синоќешната вантрепартиска регистрација во државата Ајова започнаа примарните внатрепартиски избори за претседателски кандидат. Иако се работи за релативно мали настани кои се засноваат врз принципот на директно регистрирање и пребројување на партиските членови кои се определиле за еден од партиските кандидати, Демократската Партија „запна“ уште на првиот чекор.
После минатогодишните обвинувања од таборот на сенаторот Берни Сандерс за наместени внатрепартиски избори на кои победи, како што тие викаа, „миленичката на естаблишментот“ Хилари Клинтон, настаните од ова прво измерување на силите во Демократската партија нема да го подобрат впечатокот. И покрај тоа што регистрацијата одамна заврши и резултатите веќе требаше да бидат на маса – целата работа доцни веќе неколку часови и до неодредено време.
За разлика од минатата година, овој пат на партиските анкети кои претходеа на регистрацијата во Ајова, Берни Сандерс се најде на првото место со предност поголема од маргината на грешка и очекува лесна победа во Ајова. Според првичните резултати кој доаѓаат од штабот на Берни на 40% од преброените гласови, 30% од гласовите на членовите на партијата се определиле за Сандерс, 25% за Пит Бутичег и 21% за Елизабет Ворен. Она што е впечатливо е дека Џо Бајден не е дел од Топ 3 според овие податоци. Но, останува да видиме до крај кога ќе излезат конечните резултати.
Следејќи ги медиумските настани во изминатите месеци и особено последните неколку недели, очигледно е дека Демократите се поголеми непријатели сами на себе отколку Републиканците и Доналд Трамп. На една страна ги имате милениците на интернетот, „прогресивците“ од „анти-естаблишментот“, Берни Сандерс, Тулси Габард и Ендру Јанг. Од друга страна, овие кандидати се отворено нападнати од традиционалните телевизиски подржувачи на Демократите како CNN и NBC, кои отворено ги фаворизираат останатите кандидати и пред се’ Џо Бајден, Елизабет Ворен, Еми Клобучар. Ова беше повеќе од очигледно и на минатата телевизиска дебата организирана од CNN. За работите да станат уште попровидни, CNN по завршувањето на регистрацијата во Ајова и се’ поочигледната победа на Сандерс го прогласи самиот модел на регистрација како „недемократски“ и „реминисценција на минатото.“
Токму ова однесување на медиумите е она што привлекува се’ повеќе луѓе во таборите на Сандерс, Габард и Јанг, доколку тоа не беше очигледно уште со победата на Доналд Трамп. Едноставно е – луѓето во САД повеќе не им веруваат на големите телевизиски куќи кога е во прашање политиката. Сандерс, Габард и Јанг ја научија лекција од Доналд Трамп и овој изборен циклус тргнаа поактивно со работа на терен и на интеренет. Позади нив застанаа личности од интернет културата со огромен број следбеници и широка публика.
Најдобра пример за тоа е комичарот Џо Роган кој со својот подкаст на различни платформи собира стотици милиони слушатели на годишно ниво, кои што според проценките се трансформираат во околу 50 милиони долари. Во моментот, на неговиот канал на YouTube се претплатени 7,38 милиони луѓе и има вкупен број од над 1 милијарда и 847 милиони прегледи. Да не ги споменуваме останатите платформи како iTunes. Гости на овој подкаст биле Сандерс, Габард и Јанг, а ниту еден од другите кандидати. Всушност, Џо Роган јавно изјави дека останатите кандидати побарале да гостуваат, но тој ги одбил. Тој исто така истакна дека во внатрепартиските избори веројатно ќе гласа за Берни Сандерс.
“I think I’ll probably vote for Bernie… He’s been insanely consistent his entire life. He’s basically been saying the same thing, been for the same thing his whole life. And that in and of itself is a very powerful structure to operate from.” -Joe Rogan pic.twitter.com/fuQP0KwGGI
— Bernie Sanders (@BernieSanders) January 23, 2020
И кампањата на Сандсерс целосно го искористи овој момент, отворено прифаќајќи ја поддршката и објавувајќи извадок од видеото на своите онлајн социјални платформи. Но, како на тоа одговорија CNN и NBC? Со напади нормално. Конфронтирајќи се со милионите слушатели на Роган и обвинувајќи го комичарот за „расизам“, „сексизам“, „трансфобија“ итн. Очигледно дека ништо не научиле од Доналд Трамп во 2016. И тоа им се враќа, наидувајќи на уште толку критика од бројните независни политички коментатори на YouTube и останатите интернет платформи. Од друга страна, комичарот Дејв Шапел кој се соочуваше со слични овинувања по објавувањето на својот Netflix Special „Sticks & Stones“ ова лето, отворено го поддржа Ендру Јанг на одобрување од интернетот – #YangGang.
За разлика од Демократите, кај Републиканската партија нема никакви изненадувања – актуелниот американски претседател Доналд Трамп освои 97.1% од вкупниот број на републикански членови кои гласаа на регистрацијата во Ајова. Трамп си гази на интернет, си гази на избори. Едноставно е.