Реномирани телевизиски професионалци од цела Европа ќе ги оценуваат најдобрите проекти од регионот на Централна и Источна Европа и пошироко
Еден од столбовите на NEM Zagreb, наградите NEM Awards, и оваа година ја слави извонредноста во телевизиските проекти од регионот на Централна и Источна Европа. Во своето петто издание, наградите ќе им оддадат признание на проектите во две категории: Најдобра завршена ТВ-серија во регионот на Централна и Источна Европа и Најдобра ТВ-серија во фаза на претразвој во Европа.
Пријавувањето за натпреварот е сè уште отворено, а крајниот рок е 11 ноември. Сите пријави ќе ги разгледа жири-комисија составена од истакнати телевизиски професионалци – извршни директори за содржина, продуценти, менаџери за аквизиции и сценаристи – кои во процесот на оценување внесуваат богато искуство и независна перспектива.
Како и во претходните изданија, NEM Awards повторно обединува врвни телевизиски професионалци кои ќе ги оценуваат пријавените проекти. Првите потврдени членови на жирито се:
- Емануел Екер, независен продуцент
- Крисзтина Гало, продуцентка, 318 Productions
- Наташа Буљан, директорка за развој на фикција, United Media
- Ленка Санто, креативна продуцентка, TV Nova/Oneplay
- Александра Габрижова, координаторка на програми и консултантка, MIDPOINT Institute’s series programs
- Филип Бобински, продуцент, showrunner, извршен директор, Dramedy Productions
- Мари Русен, сценаристка, продуцентка, showrunner
- Бланка Ескода Агусти, консултантка за сценарио, Decoding Stories
- Неус Родригез, консултантка за сценарио
- Дана Стерн, глобална извршна директорка за содржина
- Карло Дуси, основач и генерален директор, Turning Point Pictures
- Марија Кивинен, директорка на продажба и копродукција, Norse Key Studios
- Ерик Пак, виш потпретседател за глобални копродукции, Boat Rocker Studios
- Кели Алханати, раководителка на фикција и забава, Hellenic Broadcasting Corporation S.A. (E.R.T. S.A.)
- Тодор Игнатов, раководител на одделот за „Филм и странски програми“, Бугарска национална телевизија
- Каролин Леви, продуцентка на серии, Playground Entertainment
Кога станува збор за категоријата Најдобра завршена ТВ серија во регионот на Централна и Источна Европа, жири-комисијата е составена од врвни професионалци од аудиовизуелната индустрија надвор од регионот на Централна и Источна Европа, со што се обезбедува правичност и независност во оценувањето на телевизиските серии.
За првпат, член на жири-комисијата на NEM Awards ќе биде и Карло Дузи, основач и генерален директор на Turning Point Pictures, познат по хит-серијата „Taboo“ и филмот „The Aftermath“. Тој изрази големо воодушевување поради приклучувањето кон жири-комисијата: „Како голем поддржувач на меѓународните копродукции и на богатството од таленти кои работат низ цела Европа, со голем интерес ги следев NEM Awards изминатите четири години – како клучен показател за креативците и приказните што треба да ги следиме низ Централна и Источна Европа. Возбуден сум што имам можност да бидам дел од овогодинешната жири-комисија и да се вклучам во изборот на проектите што се натпреваруваат за наградата – со нетрпение очекувам да ме воодушеви талентот што ќе биде прикажан.“
Наградата ќе биде доделена во две главни категории: Најдобра завршена ТВ серија во регионот на Централна и Источна Европа и Најдобра ТВ серија во фаза на претразвој во Европа. Досега се потврдени следните учесници кои ќе се натпреваруваат за ова престижно признание:
- Bionaut, Raketa и CANAL+
- Бугарска национална телевизија (BNT)
- Хрватска радиотелевизија (HRT)
- ERT S.A. Hellenic Broadcasting Corporation
- Радио-телевизија Србије (RTS)
- Suspilne Ukraine и Mir & Co. Production
- Telewizja Polska (TVP)
- TV NOVA / Oneplay
- TVN Warner Bros. Discovery
- Viaplay Group
Повеќе информации за настанот се достапни на официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2025.





















