Американската осигурителна компанија Geico направи креативна реклама во која што ги потсетува возачите дека не смеат да го држат мобилниот телефон додека се зад воланот.
За таа цел, во спацијален центар се обучуваат кучиња, штом забелажат мобилен телефон, веднаш реагираат.
Рекламата е дело на агенцијата The Martin и има за цел да ја подигне свеста на возачите и спречување на поразителната статистика дека секој ден во САД умираат девет луѓе поради одвлекување на вниманието при возење.
“Има едноставен чекор што можете да го направите за да го спречите расеаното возење. Повеќето телефони имаат режим “Не вознемирувај при возење “, но релативно малку луѓе знаат за тоа – и помалку активно го користат. Ако дури и мал процент на возачи почнат да го активираат, тоа би можело да направи огромно влијание кон спасувањето на животот”, изјави Нил Вилијамс, креативен директор на агенцијата.
https://www.youtube.com/watch?v=2gP4oeXWVbw
Иако овие “паметни кучиња“ никогаш нема да бидат достапни за јавноста, Geico ве потсетува да ја активирате оваа опција на телефоните додека возите.