Австралискиот огласувачки фестивал ја започна својата промотивна кампања која е пародија на кампањата “Meet Graham“, која минатата година освои многубројни награди на фестивалите во светот
Австралискиот адвертајзинг фестивал, MADC Stars Creative Showcase во организација на Advertising and Design Club од Мелбурн, лансираше промотивна кампања создадена од страна на агенцијата Cummins & Partners, инспирирана од минатогодишната кампања “Meet Graham“, која освои награди на сите огласувачки фестивали во светот. Да се потсетиме,”Graham” претставуваше човек дизајниран на начин да преживее сообраќајна несреќа.
Овој пат, австралиската агенција се обиде да замисли човек дизајниран да го издржи целиот стрес на работа во рекламната индустрија, а резултатот е повеќе од забавен (и на многу начини сосема вистинит). Според оваа кампања, човекот кој е во состојба да ја издржи секојдневната работа во адвертајзингот “Грант”, во овој случај, е лице со дебела кожа, отпорен на критики и специјални уши кои “филтрираат конфликтни мислења”. Тој дури има дополнителен црн дроб заради прекумерното пиење предизвикано од стрес и “отстранлив ‘рбет”, за да помогне во справувањето со клиентите.
Подолу можете да ја видите оригиналната кампања “Meet Graham” која била инспирација за оваа кампања.